Најчесто поставувани прашања

Често поставуваните прашања (ЧПП) или Прашања и одговори (Q & A), се наведени прашања и одговори, кои најчесто поставувани во некој контекст, а се однесуваат на одредена тема.

Зошто Платформа за CBNRM*?

Платформата за учење и дијалог за CBNRM е корисна алатка за

техничка подршка за недоволно развиените рурални и природни подрачја, којашто има за цел да помогне за прибирање на корисни информации како основа за идни просперитетни можности на локално ниво, каде што сите заинтересирани страни / лица ќе може да споделуваат свои позитивни искуства и да нудат помош и поддршка на сите други интересенти, на несебичен и солидарен начин.

За што придонесува Платформата?

Платформата придонесува за:

 

  • Размена на успешни приказни помеѓу ГО-и и претприемачи и други корисни информации поврзани со одржливо управување со природни ресурси, заштита и подобрување на животната средина, добра земојоделска практика, најдобри достапни техники, иновативни решенија итн. (од регионот и од странство).
  • Редовно ажурирање на отворените Повици за доставување на предлог проекти, тендери и сл.
  • Пристап до портфолија на успешни проекти од различни финансиски програми, кои ќе послужат како водич за добивање на идеи за идни иницијативи / проекти
  • Размена на искуства помеѓу членовите на платформата и понуда на знаења каде е потребно (на пример создавање на ЛАГ- Локални акциони групи)
  • Промоција на Кооперативи на Платформата за промена на начинот на кој луѓето се организираат, управуваат со бизнисите, создаваат вредности и ги делат придобивките, а со цел да се обезбеди: поголема конкурентност, координација на активностите, намалување на ризикот, безбедни пазари, фер распределба на профитот и сл.
  • Можност за слободен пазар и пласирање производи и услуги
  • Можности за спонзорства и донации

Преземање на управувањето со платформата од страна на некои од крајните корисници – за да се обезбеди сопственост и одржливст на проектот

Како можам да се приклучам на Платформата?

      • Доколку сте подготвени да поттикнете позитивни промени во вашата заедница, да создадете успешни локални иницијативи и да промовирате бизнис на локално ниво
      • Доколку сте активен граѓанин или ГО што ги разбира потребите и придонесува за решавање на проблемите во заедницата
      • Доколку сте свесни за:
      • потребата од воспоставување на силни граѓански совети како мост помеѓу заедницата и државната/локалната власт, за да одговорат на потребите на заедницата; и
      • потребата да се овозможи клима за бизнис можности во заедницата на локално ниво преку искористување на достапните ресурси од природата (органско производство, пласман на производи, лиценцирано и одржливо собирање на производи од природата, водење зелени бизниси и сл.)
      • Ако сметате дека изградба на силна локална самоуправа е клучен фактор за непречено реализирање на проекти, што се од голем интерес за заедницата

       

      ОВА Е ВАША МОЖНОСТ ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ПЛАТФОРМАТА И ДА ПРИДОНЕСЕТЕ КОН СОЗДАВАЊЕ И РАСТ НА ОВАА КООПЕРАТИВНА ЗАЕДНИЦА.

Креирај корисничка сметка

Kids don’t turn rotten just from watching TV. No argument here. Would you censor the Venus de Venus just because you can see her spewers? Who’s brave enough to fly into something we all keep calling a death sphere? You guys aren’t Santa! You’re not even robots. How dare you lie in front of Jesus? All I want is to be a monkey of moderate intelligence who wears a suit… that’s why I’m transferring to business school!